Оштетени овошките од Тиквешко од пролетниот мраз и сланата

Штетата кај праските што ги имаме на 11 декари е од 80 до 90 отсто, изјави таа.

266

Овошките од Тиквешко претрпеа штети од утрински пролетен мраз и слана, оваа информација за МИА ја потврдија од подрачните единици на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Кавадарци и Неготино. Штети има кај насадите со праски и кајсии.

– Ниските температури во петокот изутрина предизвикаа оштетувања во Кавадаречко и Росоманско, во микро региони покрај течението на реките Луда Мара и Црна, рече Драган Николов, советник во кавадаречката подрачна единица.

Неговиот колега Ѓорѓи Ајтов, раководител на подрачната единица во Неготино, појасни дека оштетувањата во Неготинско и Демиркаписко се регистрирани кај цветовите од дрвца во депресивни заветни места, во кои нема провев.

Лилјана Вучкова од Неготино за МИА рече дека претрпеле штети нејзините овошни насади, како и други овоштарници во неготинските села Криволак и Пепелиште.

– Според нашите проценки, штетата кај праските што ги имаме на 11 декари е од 80 до 90 отсто, изјави таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...