Во СВР Скопје ноќеска во 06:40 полициски службеник за внатрешно обезбедување на Министерството за економија пријавил дека во 04:00 часот на улица „Јуриј Гагарин“ непознато лице ја искршил стаклената влезна врата на министерството.
Пријавено е и оштетување на ретровизорот на возило „Поло“, паркирано пред зградата на министерството.
Од СВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.