40 пожарникари и припадници на шумската полиција од утринава гаснат голем пожар кај месностите Готен и Цареви колиби, пренесува ТВ Стар.
Очевидци за телевизијата тврдат дека глетката е катастрофална, бидејќи горат столетни дрвја, а животните панично бегаат.
Во гаснење на пожарот биле ангажирани вработени од Шумското стопанство и месно население за да се спречи ширење на пожарот кон викенд куќички.
„Поради временските услови екипите биле повлечени од терен, а останале само дежурна екипа за следење на пожарот“, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.
.