Американската актерка Шенон Доерти (48) во потресна исповед откри дека ракот на дојка, кој ѝ бил дијагностициран уште во 2015 година, повторно ѝ се вратил.
Шенон сега откри дека лани ѝ бил дијагностициран рак на дојка во четврта фаза.
– Прашање е кој ден ќе протече информацијата за мојата болест во јавноста, но ќе ви кажам дека ракот на дојка ми се врати и дека е во четврти стадиум. Поради тоа сум денеска овде – рекла расплаканата Шенон за странските медиуми и додала:
„Многу ми е тешко. Има денови кога се прашувам ‘зошто јас’, а има и такви кога едноставно ја прифаќам болеста, бидејќи кој друг го заслужува ова. Најголемата грижа ми беше како тоа повторно да им го соопштам на мајка ми и на сопругот“, признала актерката.
Во текот на последните четири години, колку што трае нејзината борба со карциномот на дојка, Шенон често своите следбеници на социјалните мрежи ги информираше за сѐ низ што поминува. За хемотерапиите, за паѓањето на косата, зрачењата, мачнините, операциите, солзите и тагата со која се справувала. Во април 2017 година, таа објави дека болеста е во ремисија.
FOTO: Instagram/Printskrin