„Очајната домаќинка“ оди во елитен затвор: Ќе јаде пица и „орео“ бисквити

Иако животот во затворот сигурно нема да ѝ биде лесен, барем не мора да се плаши дека ќе живее во нехигиенски услови.

726
ФОТО: EPA / NINA PROMMER

Светот и понатаму зборува за ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“, Фелисити Хофман (56), која во петокот беше осудена на 14 дена затвор затоа што платила 15.000 долари на лажна добротворна организација за да овозможи местење на резултатите на тестовите за способноста на својата ќерка.

Станува за САТ, тест за способност кој се користи како приемен испит за упис на преддипломски студии во САД.

Иако животот во затворот сигурно нема да ѝ биде лесен, барем не мора да се плаши дека ќе живее во нехигиенски услови. Фелисити сама ќе се предаде на 25 октомври, и тоа во затворот кој магазинот „Форбс“ го прогласи за еден од десетте најчисти затвори во Америка, пишуваат странските медиуми.

Па така актерката ќе може да го купува бројни шампони, дезодорански, детска пудра, па дури и крем за сончање. Не е само хигиената на завидно ниво во овој затвор.

Фелисити на располагање ќе има и чипсови, и „орео“ бисквити, пица и пуканки. Kако и тоа да не е доволно, затворениците можат да гледаат филмови, да играат социјални игри, а достапна им е и теретана.

Да потсетиме, актерката освен издржувањето на двенеделната затворска казна ќе плати и казна во износ од 30.000 долари и ќе одработи 250 часа добротворно работење.

ФОТО: EPA / NINA PROMMER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...