Охриѓани се степале поради првенство на минување со автомобили, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 14 часот и 30 минути, на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу С.Т.(40) и Б.Б (47), двајцата од Охрид, поради недоразбирање за отстапување на првенство на минување со автомобилите. Двајцата се повикани во СВР Охрид по што, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – велат оттаму.