Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ќе започне со санација на коловозот на улицата Ванчо Николески, на потегот од Кејот „Македонија“ до пресекот со улицата Партизанска во Охрид.
Градежните работи ќе почнат утре во раните утрински часови.
Општината апелира до граѓаните да не паркираат на овој дел од улицата, за да може непречено да се одвиваат активностите.