Охриѓани до Заев: Премиерот да си го одржи зборот за Али – пашината џамија!

888

Здружението на граѓани „Совест“ попладнево на протест во Охрид предупреди уште еднаш дека на споменикот на културата Алипашина џамија во охридската чаршија, каде се гради минаре високо 32 метри, се изедуваат незаконски работи.

Тие го потсетија премиерот Зоран Заев дека им ветил дека ќе го реши проблемот по изборите, но од тогаш немаат никаков абер дека нешто ќе се смени.

Охриѓани се надеаат дека УНЕСКО, кој случајот со Алипашината џамија, ќе го разгледува на 34 сесија на Комитетот за културно наследство што ова лето ќе се одржи во Баку, ќе забрани скренавење на Алипашината џамија.

Организаторите бараат и градоначалникот Георгиески да се заложи за решавање на случајот.

Тие најавија дека протестите ќе продолжат се додека институциите не постапат согласно законот и нивните надлежности за заштита на културното наследство на Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...