Охридската полиција пронашла и одзела 13.000 парчиња пиротехнички средства од 44-годишниот И.Ш. од Охрид.
СВР Охрид денеска соопшти дека пиротехниката е најдена при претрес во домот на И.Ш.на улицата „Гоце Делчев“, а потоа и во неговата продавница за обувки лоцирана во Градскиот пазар во Охрид.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против И.Ш. ќе поднесе соодветна пријавa.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...