Охриѓанец паднал од хотел во Лагадин, пренесен итно во Клинички

196

Во Полициската станица во Охрид вчера околу 16.50 часот , од болницата „Св.Еразмо“ било пријавено дека кај нив бил донесен П. М. (56) од Охрид, кој имал тешки телесни повреди здобиени при пад од висина при градежни активности во хотел во населбата Лагадин-Охрид.

Поради сериозноста на повредите, П.М  бил пренесен во Клинички центар -Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот, а известен е и јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...