Охрид се чисти

145

Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ започнаа широка акција за чистење на расфрлан комунален отпад на потегот од Хидробиолошкиот завод до Свети Наум.

Покрај тоа што се расчистуваат површините покрај коловозните ленти од магистралниот пат, се расчистуваат и површините во населените места на овој потег: Рача, Свети Стефан, Лагадин, па сѐ до Свети Наум.

Големи количини тешко разградлив отпад (пластична и картонска амбалажа, лименки, најлон кеси се подигнати околу паркинг-просторот кај „Горица 3“, околу дискотеката „Горица 1“ и во населбата Свети Стефан. За жал, велат од Општината, повторно на површина испливува еко-некултурата на поединци кои отпадот го расфрлале каде ќе стигнат.

Со оваа акција се опфатени и плажите на овој потег кои не се дадени под концесија.

Поради обемноста, акцијата ќе трае подолго.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...