Двата архитектонски бисера – македонскиот Охрид и албанскиот Берат, ги поврзува не само тоа што се заедно на светската листа на културни и амбиентални врености на УНЕСКО, туку и заедничкото историско минато, влезено, меѓу другото, и во легендата за охридската мома Биљана, која ги молела бератските винари „кротко да ги тераат карваните за да не ѝ го газат даровното платно“.
Со овие зборови, викендов во Охрид, им се обрати в.д. градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на учесниците на втората „Езерска средба – Охрид 2019“, која, под покровителство на локалната самоуправа и негова лично, се одржа во организација на Зружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија, односно огранокот за општините Охрид и Дебрца.
Од оваа година, средбите ќе имаат два дела: Покрај во Охрид, ќе продолжат, на 18 мај, во Поградец и во Корча, Република Албанија.
Покровителот на манифестацијата, Константин Ѓорѓиевски, со задоволство ја прифати иницијативата на претседателот на албанското здружение од Берат, Владимир Мема, Охрид и Берат, вековната соработка, да ја крунисаат со потпишување официјален акт за братимење, додека претставниците од Албанија тоа го поздравија со долг аплауз и со извици „Браво, браво“…