Охридската полиција поднесе кривична пријава против П.Т.(25) и друго непознато лице поради постоење основи на сомнение за сторени 12 кривични дела од кои шест тешки кражби, три тешки кражба во обид, две кражби и една кражба во обид.
Во периодот од 4 јули до 15 август лани, пријавените влегле во повеќе станови во Охрид и одзеле разни предмети со што се стекналe со противправна имотна корист од 686.410 денари.