Во врска со информациите кои излегоа во некои медиуми за наводно прекршување на Наредбата за користење на службени возила, Министерството за внатрешни работи информира дека Примислав Димовски, началник на Единицата за прв одговор и интервенција АЛФА согласно Наредбата, а во врска со Правилникот за распределба, користење, одржување и обновување на возилата на МВР, има право на 24-часовно користење на службеното возило.
„МВР е запознаено со движењето и користењето на возилото во дадениов случај од страна на началникот и ве информираме дека истото е направено заради извршување на службени задачи“, се наведува во официјалното соопштение од МВР.