Британското кралско семејство, по традиција ги објави официјалните фотографии од свадбата на принцезата Евгенија од Јорк (28) и амбасадорот на бренд за текила Џек Бруксбенк (32). Членовите на кралското семејство, децата и интимните фотографии од двојката се снимени во замокот Виндзор.
Внуката на кралицата Елизабета Втора, поточно ќерката на принцот Ендру, војводата и војвотката од Јорка, Сара Фергусон, е деветта во редот за тронот, веднаш после својата најстара сестра, принцезата Беатрис.
Питер Пилото и Кристофер Де Во ја дизајнираа венчаницата на принцезата Евгенија, а носеше чевли на Шарлот Олимпија и дијамантска тијара.
Принцезата и поранешниот менаџер се запознале во ноќен клуб во Швајцарија, кога таа имала 20, а тој 24 години, а заедно се веќе седум години. Џек ја запросил Јуџин во јануари оваа година, во Никарагва.
Кума на венчавката ѝ беше нејзината сестра Беатрис, додека кум на Џек -неговиот брат Томас.
Фото: EPA/NEIL HALL