Официјални лица признаа дека направиле грешка што дозволиле напаѓачот од Крајстчрч да прати писмо од ќелија

672

Официјални лица од Нов Зеланд денеска признаа дека направиле грешка дозволувајќи му на Брентон Тарант, обвинет за убиство на 51 лице во две џамии во Крајсчрч, од својата затворска ќелија да испрати писмо.

Писмото на Тарант, изготвено на шест страници, е објавено неделава на веб страницата 4chan, koja стана злогласно место каде белите расисти можат да изнесат свои ставови, пренесоа американските медиуми.

Писмото е објавено во чуствително време, кога други убијци низ светот, од Ел Пасо до Осло, го цитираат Тарант како своја инспирација, наведуваат медиумите.

Се претпоставува дека писмото е напишано со молив на мал тефтер и му е испратено на некое лице Ален, во Русија. Поголемиот дел од писмото изгледа релативно неопасно и зборува за неговиот едномесечен престој во Русија во 2015 година.

Но, исто така, во писмото тој предупредува дека ќе дојде до „голем сидир“ и користи јазик што може да се протолкува како повик за земање опружје.

Новозеландскиот министер за внатрешни работи Келвин Дејвис изјави дека мисли дека затворскиот систем не требало на Тарант да му дозволи да испрати писмо.

– Јасно ставив до знаење дека тоа нема да се повтори – рече Дејвис.

Но Дејвис, исто така, рече дека сите новозеландски затвореници имаат права кои ја вклучуваат можноста на испраќање и примање пошта.

Тој рече дека затворскиот систем може да ја прекине преписката и да го скрати испраќањето и приемот на некои други писма од Тарант.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...