Пејачот кој ја претставуваше Б.Ј.Р. Македонија во 2011 на Евровизија во Дизелдорф со песната „Русинка“, почина, пишува официјалниот сајт на овој музички натпревар.
Тие ги пренесуваат информациите за смртта на младиот пејач повикувајќи се на информациите од македонските медиуми.
Во текот на оваа недела Влатко го прослави неговиот 33-ти роденден. Во 2007-та, Б.Ј.Р. Македонија исто така на загуби уште еден поранешен претставник на Евровизија, Тоше Проески на млади години (26), кој загина во сообраќајна несреќа“, пишува Eurovision.tv.
Во име на целата евровизиска заедница, тие изразуваат сочуство до најблиските.
Прочитајте повеќе:
Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов
Нема траги на насилство на телото на Влатко Илиевски
Последната објава на Влатко Илиевски на Фејсбук
Познатите се збогуваат со Влатко Илиевски
Познато кога и каде ќе биде погребан Влатко Илиевски
Фејсбук го затвори профилот: Сеќавајте се на Влатко Илиевски
Причините за смртта на Влатко Илиевски ќе бидат познати следната недела