Официјална Анкара: Турција ја напуштиле 36.776 мигранти

220

Преку Едрене, Турција ја напуштиле 36.776 мигранти, соопшти вечерва турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.

– До 21 часот по локално време преку Едрене, 36.776 мигранти ја напуштија нашата земја, напиша Сојлу во порака на „Твитер“, а пренесе новинската агенција „Анадолија“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека неговата земја и претходно предупредувала дека нема да може да го поднесе товарот на новиот мигрантски бран и ќе мора да ги отвори границите доколку продолжат кризата и пристигнувањата од Сирија.

– Што рековме пред неколку месеци? Рековме дека ќе мора да ја отвориме границата ако кризата продолжи. Тие беа вознемирени, но не ни веруваа. Што направивме вчера? Отворивме. До утринава 18.000 мигранти ја минале границата, соопшти утрово Ердоган.

Тој порача дека Европската унија мора да ги задржи ветувањата што и ги дала на Турција во врска со помошта во справувањето со мигрантската криза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...