Отстрането известувањето за породување со венчаница во Струмица

734

Директорот на струмичката болница, Наќе Гогов, за весникот „Слободен печат” вели дека скандалозното известување во болницата со кој се бара родилките задолжително да носат извод од венчани пред породување, е отстранет.

– Лани, тогашниот министер за здравство Арбен Таравари даде Мој термин за новородени деца да има лична карта и извод од матична служба. Текстот не е таков каков што е напишан таму на натписот, некоја сестра од Акушерско го напишала така и го залепиле да има известување. Не ме прашале мене како да биде текстот. Тие што го напишале натписот, не се во право. Тоа требало да биде интерно во самото одделение. Тие ги бараат тие документи секако, матична служба бара да се пушти на време раѓањето на детето, два до три дена максимум да се поднесе пријавата до матичната служба. Ама текстот што е даден не е така напишан како што е во законот, законското решение. Тие произволно така го ставиле. Ако има извод во ред, ако нема нема, тоа никогаш не било пречка. Прво раѓањето, па потоа луѓето ќе си ја вршат работата – вели тој.

Гогов додава дека ниедна родилка што била дојдена во болницата не била вратена. Досега немало таква реакција некој да отишол и да се пожали оти такво нешто се случило.

Од Министерството за здравство потврдија дека натписот бил отстранет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...