Полицаец е отпуштен откако уапсил деца поради инциденти во училиште, пренесува „Метро“.
Денис Турнер ги уапсил шестгодишниците додека работел во училиште во Орландо, Флорида.
Неговиот шеф, Орландо Ролон го потврдил случајот. Било побарано обвиненијата против малолетниците да бидат повлечени. Апсењето ќе биде избришано од нивната архива, тврди Ролон.
Бабата на едното од децата за медиум кажала дека била бесна што нејзината внука била уапсена.
– Ниту едно шестгодишно дете не треба да каже некому дека имало лисици на рацете – вели Мералин Киркленд.
Според нејзините зборови, девојчето било приведено откако удрило повозрасно лице кое се обидувало да го смири.
Нема одговор од училиштето за овој случај. Другото уапсено дете е шестгодишно момче, за кое повеќе детали не се соопштени.
ФОТО: Принтскрин / Метро