Наставник кој ги мрдал колковите за време на училишен час со цел да симулира секс со ученици, е отпуштен и баниран од можност повторно да се занимава со оваа професија, пренесува „Метро“.
Триесет и четиригодишниот Лук Сноусвил најмалку девет пати искоментирал недолични и сексуални изјави за време на еден час.
Тој искоментирал недолични работи додека ученици се потпирале на клупа, ги охрабрувал своите ученици да „имаат секс“ и испуштал звуци за време додека кажувал како се губи невиност.
Покрај учениците, тој вознемирувал и свои колешки со сексуални коментари. На една од нив и рекол дека „сака да ја скрши на пола“. Додека предавал во друго училиште, ја прашал својата колешка: „Сакаш да се напиеш со мене и да ја уништеме постелата на спалната?“, а на друга и рекол „би можел да те натерам да се свртиш и да имаме секс“.
На друга колешка и пратил порака која гласела:
– Мислам дека тоа што ми е потребно е да легнам со некоја хаха Тиндер не ми помага.