Натаниел Берхау е ученикот кој уби двајца соученици на својот 16-ти роденден. Берхау влезе во училиштето во Санта Кларита, Калифорнија, и пукаше во пет соученици. Потоа тој го свртел пиштолот кон себе, пренесува „Метро“.
Шерифот Алекс Нуева вели дека Берхау е сега тешко болен во болница. Но, извори од полицијата велат за „НБЦ4“ дека напаѓачот е во клиничка смрт, дека е поврзан со машина додека неговите органи може да бидат донирани. Две од неговите жртви – 16-годишно девојче и 14-годишно момче, им подлегнаа на повредите во болница.
Две девојчиња на возраст од 14 и 15 години, како и 15-годишно момче остануваат во здравствената установа. Еден од малолетниците е во критична состојба, а другите се свесни и наводно не се во животна опасност.
Според соседите на напаѓачот, тој страдал откако неговиот татко Марк починал од срцев удар во декември 2017 година, на 57-годишна возраст.
Ученици тврдат дека Берхау ја сменил биографијата на Инстаграм. Тој напишал „Забавувајте се утре во училиште“. Тој профил – вклучувајќи „меме“ со фотографија од масакрот во Нов Зеланд – се повлечени од интернет. Се шегуваше за разликата помеѓу што девојките покажуваат во живо на интернет, а што момчињата. Тоа „меме“ го илустрираше масакрот во кој загинаа 51 лице. Осомничениот за овие убиства, Брентон Тарант ги негира обвинувањата, кои беа прикажувани во живо на Фејсбук.
Берхау имал девојка, а се истражува неговата проблематична врска со неа.
Не се знае мотивот што го натерало Берхау да пука во соучениците. Иако, наводно е поврзан со врската на тинејџерот со девојката во училиштето. Полицијата сега зборува со мајката на Берхау, Саманта, како и со неговата девојка, чиј идентитет не е познат.
Нема сомневање дека уште некој е поврзан со ужасната трагедија. Според соседите, семејството Берхау било повлечено.
ФОТО: Принтскрин