„Волстрит журнал“ пишува дека „Американ медиа“, издавачот на „Нешенел енквајерер“, платил 200.00 долари за да ја добие интимната преписка помеѓу главниот извршен директор на „Амазон“ Џеф Безос и неговата љубовница Лорен Санчез.
Мајкл Санчез, братот на љубовницата на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, на таблоидот „Нешенал eнквајерер“ им ги продал фотографиите и секси пораките кои Бесоз ѝ ги праќал на неговата сестра, Лорен Санчез.
Според американските медиуми за нив Мајкл Санчез добил 200.000 долари.
Тој работи како агент за таленти во компанијата во чија сопственост е овој таблоид и за врската на сестра му со најбогатиот човек на светот зборувал уште минатата есен.
Исплатата на Санчез ја одобрил директорот на компанијата „Американ медија“, Дејвид Пекер, кој е долгогодишен пријател со американскиот претседател Доналд Трамп.
Веднаш по објавувањето на приказната за врската на Безос со атрактивната Лорен Санчез на цели 11 страници, дојде до развод на Безос и неговата сопруга Мекензи по цели 25 години во брак.
ФОТО: Принтскрин/Јутјуб