Откриено кој го натерал посрамотениот принц Ендру на катастрофалното интервју ВИДЕО

Инсајдери велат дека Ферги му била голема поддршка во текот на изминатите неколку месеци и дека таа меѓу првите ја покренала таа идеја.

298

Поранешната сопруга на принцот Ендру, Сара Фергусон, е еден од главните виновници за неговото катастрофално телевизиско интервју.

Во неодамнешното интервју, новинарката на Би-би-си го „изрешета“ принцот Ендру (59) го „изрешета“ со прашања поради неговите врски со милијардерот педофил Џефри Епстајн. И самиот принц е обвинет дека сексуално злоставувал малолетници.

Јавноста го дочекала на нож гостувањето на принцот поради неговите изговори и објаснувања и видниот недостиг на каење и жалење за жртвите на Епстајн, а сега е откриено дека неговата поранешна сопруга, позната како Ферги, го охрабрила и убедила принцот на храбриот чекор пред камерите.

– Таа чувствуваше дека Ендру треба да излезе од скандалот и дека треба да ја претстави својата вистина пред јавноста – рекол извор на „Дејли мејл“.

Инсајдери велат дека Ферги му била голема поддршка во текот на изминатите неколку месеци и дека таа меѓу првите ја покренала таа идеја.

– Ендру многу се потпираше на Сара. Всушност, таа е најголемиот шампион за принцот и тој многу ги почитува нејзиното мислење и искуство. Кога се појави можноста за интервју, Сара чувствуваше дека тоа е најдобар начин да се расчисти неговото име и во јавноста да се претстави вистинскиот Ендру – рекол изворот од кралските кругови.

Интервјуто, како што истакнува, му дало шанса на принцот да го изнесе својот став за негативните медиумски пишувања наместо да ги остави без одговор, како и да ја претстави својата верзија од настанот.

– Со оглед на тоа колку овој скандал бил штетен последните шест месеци, Сара чувствуваше дека Ендру треба да излезе од тоа за да му даде на својот имиџ подобра шанса за закрепнување. Таа го поддржува до крај и иако е необично принцот да излезе на телевизија, Сара сметаше дека ова се тешки времиња и необични околности – навел изворот.

Советникот на војводата од Јорк рекол дека не е точно дека Ферги влијаела на Ендру.

– Војвотката беше надвор од земјата минатите две недели, во Хонгконг, Кина, Саудиска Арабија и Венеција и немаше никакви врски со оваа програма – истакнал Џејмс Хендерсон.

– Сара на сопствена кожа искуси ваков скандал пред една деценија. Таа откри дека презентирањето на својата приказна пред јавноста ѝ помогна да го надмине скандалот. Таа има длабоко разбирање за ова низ што минува сега Ендру – наведува изворот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...