Откриено каква венчаница Меган Маркл ќе носи на кралската венчавка! ФОТО

990

Свеченоста за која во моментот најмногу се зборува во јавноста е се поблиску. Венчавката на британскиот принц Хари и американската актерка Меган Маркл е на 19 мај, а конечно е откриена и венчаницата која идната принцеза ќе ја носи.

Првата од двете венчаници која Меган ќе ја облече на својата венчавка е дело на модното дуо „Ралф и Русо“, и е платена од страна на кралското семејство.
Фустанот чини неверојатни 100.000 фунти, а можноста да ја видат во живо ќе ја имаат 600 гости, покрај кои Меган ќе прошета во текот на церемонијата во капелата „Сент Џорџ“.

– Можеби звучи прескапо, но тоа е венчавка на годината и стотици часови се вложени во изработката на овој прекрасен фустан – рекле од кралското семејството, а пренесува „Дејли мејл“.

Покрај венчаницата од бајките, откриено е и дека 33-годишниот принц и 36-годишната Маркл нема да одат на меден месец до летото, се додека не поминат кратко време официјално како сопруг и сопруга. Извори кои го познаваат принцот

Хари велат дека не ја видел Меган во венчаницата, како и дека не сака да знае кој го дизајнирал ова ремек дело.

– Многу е возбуден поради венчавката, и е многу традиционален кога станува збор за сите обичаи – рекол извор близок на принцот.

Имајќи предвид дека венчаницата на кралицата делумно била купена на купони и дека е пресметано дека денешната цена би и била околу 30.000 фунти, веруваме дека по венчавката на Кејт Мидлтон кралицата пак добила напад на главоболка.
Дали оваа ексклузивна информација на „Дејли мејл“ ќе се покаже како вистинита, ќе видиме за две недели кога ќе се случи големата кралска венчавка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...