На локалниот пат меѓу селата Калуѓерица и Подареш, Радовишко, синоќа околу 19:30 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле товарно моторно возило „форд транзит“ со гостиварски регистарски ознаки во кое имало 32 мигранти, соопштија денеска од СВР Струмица.
Од пронајдените мигранти 9 биле од Авганистан, 14 од Пакистан, 7 од Египет, еден од Индија и едно лице од Турција.
– Возачот побегнал од местото пред доаѓањето на полициската патрола, а по наредба на јавен обвинител мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба“ во Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, се додава во соопштението на полицијата.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.