Саирс Кенеди Хил (22), внуката на поранешниот американски сенатор Роберт Ф. Кенеди, беше пронајдена мртва во август во семејната куќа во Кејп Код, а во петокот беше објавена нејзината посмртница во која како причина за смртта е наведено „случајно предозирање“, пишува Си-ен-ен.
Токсиколошкиот тест покажал дека Саирс користела метадон, етанол и повеќе видови лекови што се добиваат на рецепт.
Саирс беше пронајдена во бесвесна состојба на 1 август годинава, а само еден час подоцна во болницата беше прогласена за мртва.
Таа беше ќерка на Кортни Кенеди Хил, една од 11-те деца на починатиот претседателски кандидат како и внука на активистката за животна средина и човекови права Етел Кенеди.
Требало да дипломира годинава и да го заврши колеџот како многу успешен студент.
Во колумна Саирс зборувала за својата борба со проблемите поврзани со менталното здравје.
Со нејзината смрт продолжи проклетството на фамилијата Кенеди во изминатитве 50 година кога загинаа барем десетмина членови.