Научници го открија досега најоддалечениот познат објект во Сончевиот Систем, кој може да се види со денешната технологија и тој доби привремено име „Далеку“ (Farout) – соопшти Центарот за мали планети при Меѓународната унија на астрономи во Париз.
Оваа мала планета се движи бавно и таа е ледена и розева. Нејзиното растојание од Сонцето е 120 до 130 пати поголемо од она на Земјата. За да направи еден круг околу нашата ѕвезда, ѝ требаат повеќе од 1.000 години.
Астрономот од Карнегиевиот институт за наука во Вашингтон, смета дека телото има пречник од 500 до 600 километри.