Откако ќе ги платите сметките за вода, слободно рециклирајте ги!

722

Нови редизајнирани сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија наскоро ќе почнат да добиват домаќинствата во Македонија.

– Горди сме и среќни што сме прво претпријатие во државата кое ќе испорачува сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија – рече денеска генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски на прес конференција на која ги презентираше општествено одговорните проекти кои се реализираат во претпријатието.

Станува збор за околу 210.000 сметки кои месечно се испорачуваат до корисниците, односно 2.500.000 сметки кои се потецијален отпад на годишно ниво.

– Освен заложбите за реализација на капитални проекти, ЈП Водовод и канализација – Скопје работи и на воспоставување на една поинаква пракса и се надеваме позитивен пример за сите – посочи директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, додавајќи дека праксата за употреба на рециклираната хартија за внатрешна и надворешна употреба е започната минатата година.

Бенефитот од замената на хартија произведена од дрво со користењето на рециклирана хартија значи заштеда од 60% на енергија и намалување на потрошувачката на вода за 15%. Преземајќи го овој чекор и со воведување на интернационалниот стандард ISO 14001, ЈП Водовод и канализација – Скопје станува Environmentally friendly претпријатие, а тоа значи претпријатие кое ги исполнува Европските стандарди за заштита на животната средина.

Освен стандардниот начин на добивање и плаќање на сметките, корисниците имаат можност да ги користат и online услугите достапни на web страната: www.vodovod-skopje.com.mk, каде имаат можност да добијат електронска сметка и истата да ја платат преку опцијата плати брзо или како регистриран електронски корисник.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...