Откако беше прободен со нож, полицискиот службеник Филиповски стабилен на КАРИЛ

3307

Откако прексиноќа беше прободен со нож од две момчиња, полицискиот службеник Филип Филиповски е во стабилна состојба на КАРИЛ, пренесува „Телма“.

Според телевизијата, еден од напаѓачите е син на Ѕвонко Цветковски, полициски советник во Министерството за внатрешни работи.

Цветковски е поранешен градоначалник на Петровец, а беше и кандидат на СДСМ за истата функција на последните локални избори.

МВР информира, пренесува „Телма“, дека напаѓачите се обезбедени, од нив е земена изјава, по што се пуштени. Истрагата е во тек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...