Откако беше обвинет за расизам, Гучи се извини и повлече џемпер

362
ФОТО: МИА

Познатиот моден бренд „Гучи“ се извини за волнениот џемпер, кој наликува на „црномуресто лице“ и соопшти дека производот е повлечен од онлајн понудата и од продавниците.

Во соопштението, „Гучи“ вели дека е посветен на разновидноста и смета оти тоа е „темелна вредност која треба целосно да се поддржи, да се почитува при секоја одлука, која се носи”.

Џемперот од црна волна го покрива носот и има црвен израз на уста, што на социјалните мрежи беше исмејувано како нечувствителна и расистичка работа.

– Сметаме дека разновидноста е темелна вредност што треба да ја негуваме и почитуваме, и секоја одлука, која ја носиме треба да ја темелиме на тоа. Ние сме целосно посветени на почитување на различноста во нашата организација и претворање на овој инцидент во една лекција за целиот колектив на Гучи – тврдат од италијанскиот моден бренд. 

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...