Отказ поради двоглав орел на претседателскиот печат на Трамп

1658
ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Член на конзервативна американска група доби отказ откако на студентски собир, на кој се обрати американскиот претседател Доналд Трамп, преку проектор емитуваше изменета верзија на претседателскиот печат, на кој наместо едноглав има двоглав орел, сличен како оној на руското знаме.

Би-Би-Си потсетува дека двоглав орел има и на знамињата на Србија, Албанија и Црна Гора, но оценува дека наведената верзија на печатот најверојатно се однесува на Русија, имајќи предвид дека мандатот на Трамп го одбележаа односите со Москва и претседателот Владимир Путин.

Тоа, меѓутоа не е единствена разлика во однос на оригиналната американска верзија – наместо орелот да држи 13 стрели, кои ги претставуваат 13 –те првобитни држави, во неговите канџи има палки за голф, омилениот спорт на Трамп.

Исто така наместо маслиново гранче, во десната канџа орелот држи пари.

Претставник на групата „Турнинг Поинт УСА“ за „Вашингтон пост“ изјави дека се работи за грешка која настанала поради забрзано пребарување преку интернет.

Инцидентот се случил кога американскиот претседател се качил на бината, откако било емитувано 12-минутно видео за патот на Трамп кон Белата куќа.

ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...