Отказ за полицаецот кој задави Афроамериканец

218

Њујоршкиот полицаец Даниел Панталео е отпуштен од работа, пет години откако го задави невооружениот афроамериканец Ерик Гарнер, што потоа предизвика протести поради полициската бруталност.

Полицискиот комесар Џејмс О’Нил соопшти дека го отпуштил Панталео врз основа на неодамнешната препорака од дисциплински суд.

Панталео беше снимен во јули 2014 година, обидувајќи се да го уапси Гарнер, како го турка на земја и со забранет зафат со раката, цврсто го стега околу вратот. „Не можам да дишем“, биле последните зборови на Гарнер, а по неговото убиство почнаа протести и се отвори јавната дебата за расизмот и полициската бруталност.

Адвокатот на Панталео вели дека полицаецот користел разумна количина сила и не сакал да го повреди Гарнер.

Големата порота на Стетн Ајленд и Министерството за правда одбија да го истражат случајот, а полицаецот од 2014 година работеше во канцеларија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...