Откажан најголемиот саем за мобилни телефони во светот поради коронавирусот

626

Најголемиот саем за мобилни телефони во светот, Мобајл ворлд конгрес (Mobile World Congress) е откажан поради коронавирусот. Извршниот директор на организаторот Џон Хофман изјави дека ширењето на епидемијата го оневозможува одржувањето на настанот, кој беше на програмата од 24 до 27 февруари во Барселона.

– Земајќи го предвид безбедното и здраво опкружување во Барселона и земјата домаќин, ГСМА го откажа Саемот Барселона 2020 затоа што глобалната загриженост за појавата на коронавирусот, патувањата и други околности оневозможува одржување на настанот. Нашите мисли се со оние кои се погодени од вирусот во Кина и ширум светот – рече Хофман, пренесува Врџ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...