„Бритиш ервејс“ денеска откажа стотици поаѓања поради пилотите кои продолжија со 48-часовен штрајк во кој бараат зголемување на платите.
Авиокомпанијата процени дека дводневниот штрајк, што започна вчера, ќе влијае на 195.000 клиенти.
Штрајкот е еден од најголемите во историјата на авиокомпанијата и прв на нејзините пилоти.
Според британското здружение на пилоти на авиокомпанијата (Балпа), еден ден штрајк ја чини авиокомпанијата околу 40 милиони фунти (49 милиони долари).
Во јули, пилотите ја одбија понудата на „Бритиш ервејс“ за зголемување на платите од 11,5 проценти во текот на три години.
„Бритиш ервејс“ лета во повеќе од 70 држави и пренесува повеќе од 40 милиони патници годишно.
Вториот штрајк е планиран за 27 септември.
ФОТО: EPA / WILL OLIVER