Посетата на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство Љупчо Николовски на тиквешкиот регион е одложена поради трагичната сообраќајна несреќа денеска на автопатот Скопје-Тетово во која загинаа 13 лица.
Заев, Анѓушев и Николовски утре требаше да присуствуваат на свеченото закројување на лозовите насади на лозјата на ВВ „Тиквеш“ во Лепово.
За вечерва, како што најавија од кабинетот на премиерот е закажана вонредна владина седница поради трагичната несреќа, а премиерот Заев утре е планирано да ги посети повредените.