Портпаролката на данското кралско семејство изјави дека е изненадувачка одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја одложи посетата на Данска.
Според неа, Трамп имал официјална покана на 2 и 3 септември да допатува во Данска.
Трамп претходно денеска ја одложи посетата на Данска, јавија американските медиуми.
Британските медиуми наведуваат дека Трамп се одлучил на ваков чекор откако данската премиерка Мете Фредериксен ја одби неговата идеја за купување на Гренланд.
„Данска е многу посебна држава со неверојатни луѓе, но врз основа на коментарот на премиерката Фредериксен, дека нема интерес да разговара за продажба на Гренланд, ќе ја одложам нашата средба, што беше планирана за две недели, за некое друго време“, порача Трамп на Твитер.
Данската Влада се уште нема излезено со реакција на одлуката на Трамп.
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS