Во чајџилница во Арачиново вчера бил повреден дваесет и тригодишен маж од залутан куршум. Повредениот е префрлен во Градската болница каде му е укажана лекарска помош.
Полицијата соопшти дека настанот го пријавиле од Итната медицинска помош од каде што биле повикани да интервенираат поради повредата.
Повредениот Е.И. е префрлен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски” каде што му е укажана лекарска помош и констатирана му е површинска повреда од залутано зрно во пределот на стомакот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.