Отишол во Градска, го тепал обезбедувањето, па им се пуштил и на полицајците

1529

Тепачка во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје која завршила со еден уапсен регистрирала скопската полиција утрово околу 2.45 часот.

Дел од медиумите објавија дека група луѓе нападнале персонал во градската болница меѓу кои биле лекари, сестри и болничари. Но, според официјалните информации регистрирани од МВР, напаѓач е само едно лице, 31-годишен маж од Скопје, кој бил придружуван од уште две лица.

Тој прво нападнал вработен како обезбедување во болницата, а потоа ги нападнал и двајцата полицајци кои дошле да интервенираат.

Скопјанец бил приведен во полиција и од МВР најадуваат дека ќе поднесат и пријава.

А за двете лица кои биле со него, пак, скопската полициа ќе поднесе прекршочна за нарушување на јавниот ред и мир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...