Отвори го пенџерчето во Антикорупциска ВИДЕО

256

Државната комисија за спречување на корупцијата која почна да работи пред околу еден месец е затрупана со претставки од граѓани од цела Македонија, кои ги разгледува на седници отворени за јавноста. Очигледна е реакцијата на граѓаните, нивниот голем интерес, но и очекувањата од новите борци против корупцијата и непотизмот.

Во една просторија, од дваесетина квадрати седумте антикорупционери кои секоја претставка ја разгледуваат поединечно, со часови додека трае отворената седница се под опсада на новинари, камери, камермани, од дваесетина редакции.

Новинарите, стоечки зошто нема место за сите, или во своите тефтери в скут запишуваат забелешки, но едвај успеваат да чујат какви одлуки се носат на седницата на Државната комисија за спречување на корупцијата зошто работната просторија не е соодветно опремена.

Фотографиите и видеото направени на вчерашната седница сведочат како изгледа еден работен ден во Антикорупциска која е во очекување да се пресели во нови простории во објект преку Вардар до МНР, наскоро.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...