Отворена шахта предизвика несреќа во првиот тренинг во Баку

388

Отворена шахта предизвика несреќа на првата тренинг-сесија во Баку пред трката во Азербејџан за Големата награда во Формула 1.

На пистата помеѓу третиот и четвртиот завој на пистата на улиците на главниот град на Азербејџан, Џорџ Расел имаше несреќа, минајќи преку малку отворена шахта на патеката.

Тренингот беше веднаш прекинат за да се испита целата 6 километарска траса.

Вториот слободен тренинг е закажан за 15 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...