Отворена сметка за донации од странство за погодените од пожарите во Грција

219

Поради големата поддршка, интерес и солидарност од внатрешноста, но и на меѓународно ниво, грчката Влада отвори специјална банкарска сметка во Банката на Грција, за донации од странство за погодените во катастрофалните пожари.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за сите оние кои што сакаат да донираат, бројот на сметката е:

23/2341195169
IBAN GR4601000230000002341195169

– На оваа сметка, ќе имаат можност да донираат странски држави, компании, но и граѓани од Грција и странство, соопшти грчката Влада, објаснувајќи дека целта е обнова на погодените области и на јавната инфраструктура, како и санирање на штетите.

Со сметката ќе управува тричлена комисија составене од претседателот на Парламентот и министрите за инфраструктура и транспорт и за финансии.

Државата партиципира со 20 милиони евра од Заводот за вработување, Министерството за финансии со 10 милиони, а со исто толку и грчкиот парламент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...