Отворена истрага за скопјанец кој дома имал лабораторија за марихуана

279

Скопското јавно обвинителство отвори истражна постапка против едно лице, осомничено за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– Осомничениот го приспособил најгорниот кат од својот дом во Козле за одгледување растенија од типот Cannabis, при што направил импровизирана лабораторија со 52 растенија, импровизирана сушилница од картонски кутии каде го сушел растението, а потоа го дробел и пакувал за продажба и вршел екстракција на масло од марихуана.

При претрес на домот на осомничениот била  пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 1.324,43 грама, спакувана во повеќе различни тегли и ќеси, хашиш масло со вкупен волумен од 27 милилитри во 54 капсули, хашиш смола со вкупен волумен од 30,7 милилитри во 11 пластични шприцеви, како и дигитална вага, вентилатори, термометри, инструменти за мерење влажност, екстрактор и други апарати кои ги користел во импровизираната лабораторија.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство со цел да го избегне кривичниот прогон  или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, стои во соопштението на Обвинителството.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...