Отворена е првата делница од булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Бутел

397

Официјално беше отворен првиот дел од новоизградената траса од булеварот Христијан Тодоровски Карпош во општина Бутел, на потегот од крстосницата со булеварот Босна и Херцеговина до крстосницата со улицата Натанаил Кучевишки во должина од 1000 метри.

– Во моментов единствената сообраќајна опција за поврзување со централниот дел од Скопје на неколку десетици илјади жители од Бутел, Радишани, Љубанци, Љуботен, Чучер-Сандево е улицата Бутелска, која нема капацитет да го собере целиот сообраќај и на истата се создава голем сообраќаен метеж. Со новиот булевар скопјани добиваат ново модерно сообраќајно решение, со шест сообраќајни ленти, велосипедски и пешачки патеки и средишно зеленило – рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов .

Тој ја најави и втората фаза од проектот за изградба на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, која ќе се одвива во наредните 18 месеци, од улицата Натаниел Кучевишки до Обиколница, за што Градот Скопје издвоил 125 милиони денари, а градежните работи повторно ќе ги изведува компанијата „Пелагонија-Гостивар“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...