Министерството за животна средина и просторно планирање ја отвори новата веб страница за Национални црвени листи.
Од Министерството информираат дека Националните црвените листи се изработени во рамки на GEF/UNEP проектот: „Постигнување заштитата на биодиверзитетот преку креирање и ефективно управување со заштитените подрачја и одржување на биодиверзитетот во планирањето на користењето на земјиштето”. При тоа се идентификувани и систематизирани 46 видови од Херпетофауна (водоземци и влекачи) и извршена е проценка на 14 растителни видови, кои имаат меѓународен и национален статус на заштита.
Активноста е спроведена во соработка со Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN ECARO).
Изработката на Црвените листи претставува една од најзначајните активности на МЖСПП во подрачјето на заштитата на природата во делот на зголемувањето на ефикасноста на заштитата и управувањето со компонентите на биодиверзитетот на национално ниво што воедно претставува и законска обврска, а исто така е една од приоритетните акции од Националната стратегија за заштита на природа 2017-2028 како и Националната стратегија за биодиверзитет 2017-2023.