Не е исправна водата за пиење од чешмите во населените места во Прилепско: Тројкрсти, Чепигово, Загорани, Веселчани, Канатларци, Алинци, Ерековци и Лагово.
Според Центарот за јавно здравје, водата од овие чешми не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути.
Тоа е препораката од медицинските стручњаци од Центарот за јавно здравје од Прилеп, по редовните анализи на квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населени места каде што нема водоводи.