Осум милиони евра годишно ќе добива Икарди со новиот договор со Интер

161
ФОТО: EPA / MAURIZIO BRAMBATTI

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, може да добие плата од осум милиони евра годишно според новиот договор со клубот во Милано, објави „Калчомеркато“.

Сумата за предвремен раскин на сегашниот договор на Икарди со Интер изнесува 110 милиони евра. Се шпекулира дека ова лето Реал ќе биде подготвен да ја плати оваа сума за аргентинскиот фудбалер.

Затоа, раководството на Интер се обидува да му понуди на Икарди што е можно побрзо нов договор во кој износот на откупната клаузула ќе биде значително поголем.

Дваесет и петгодишниот фудбалер во Интер е од 2013 година. Оваа сезона Икарди одигра 18 натпревари и постигна 12 гола.

На крајот на сезоната 2017/18, Аргентинецот беше прогласен за најдобар играч во италијанскиот шампионат.

ФОТО: EPA / MAURIZIO BRAMBATTI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...