Осум граѓани колабирале утрово на јавни места во Скопје

155
20150730 Thursday 1017 brza pomos itna pomos bolnica doktori doktor klinika

Осум колапси на граѓани имаше денеска во утринските часови на јавни места во Скопје поради високите температури. Најчесто имаме меѓу 90 и 100 повици дневно, а деновите има зголемување за 15 до 20 отсто и дневно има 110 повици. На јавни места има повеќе колапси во последниве два дена, изјави за МИА, д-р Георги Карамановски, шеф на смена во Итната медицинска помош.

Тој посочи дека граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време се вообичаено хронично болни, астматичари…, но има и такви со мозочни удари и инфаркти. Дел од граѓаните не ги слушаат препораките што ги даваме по јавните медиуми, а се однесуваат на топлото време и колабираат, додаде Карамановски.

– Возрасните излегуваат по пазари кога не треба да излегуваат, а младите излегуваат од изутрина нејадени и тие колабираат. Но, за среќа, немаме граѓани со потешки последици. Обично на лице место се интервенира и ретко кој е однесен во здравствена установа – нагласи Карамановски.

Тој додаде дека препораките до граѓаните кои се однесуваат на топлото време се стандардни кои ги дава Светската здравствена организација, а тие се во периодот меѓу 11 и 17 часот да не се излегува надвор на Сонце, да се пие поголема количина вода и други течности, да се внимава на исхраната која треба да биде свежо подготвена и да нема мајонези во неа, да се носи светла и памучна облека и да се престојува во климатизирани простории.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...