Пратениците не побарале, но во МВР одлучиле да им обезбедат 24 часовна полициска заштита, по многубројните закани кои се упатуваат до дел од нив на социјалните мрежи.
-Се преземаат соодветни мерки за гарантирање на безбедноста. МВР ја гарантира безбедноста на сите граѓани и секако на пратениците- велат од МВР.
МВР вчера поднесе кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници против 48 – годишен скопјанец.