Осумнаесетгодишен скопјанец прободен во натколеница

265

Љ.С. (18) од Скопје завчера попладнето бил прободен со остар предмет во десната натколеница. Момчето било пренесено во Градската општа болница „8 Септември“, каде што лекарите му констатирале тешки телесни повреди.

Како што соопшти МВР, за ова вчера во полициската станица во Карпош пријавила мајката на момчето Е.С. (39).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...